• MK
  • EN
default color green color orange color
Дома
Добродојдовте на официјалната страна на Општина Штип

Почитуван посетителу
Добредојдовте на официјалната Web страница на oпштината ШТИП

stip_kombinacija_copy.jpg

Оваа WEB страница е дел од нашите напорите да ја претстави општината и да Ве информираме за сите наши планирани и тековни активности како и информации од секојдневното работење и живеење во Штип. Порталот Ви дава можност да дадете свој придонес, размислување, оцена или критика за она што ние го работиме или треба да го сработиме. Затоа Ве повикувам да се вклучите и заедно да придонесеме нашиот Штип да оди напред.  
Срдечно,


Градоначалник на Општина Штип
Д-р Зоран Алексов

 
104 евидентирани невработени лица започнаа со работа
На првиот јулски ден годинава во Штип, започнаа со работа 104 евидентирани невработени лица. Истите се вклучени во акцијата за чистење на р. Брегалница. Општина Штип аплицираше на јавниот повик од 05.06.2009 год., распишан од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Врз основа на тоа се одобрени ваквите 104 вработувања.
Владата на Р. Македонија неодамна го усвои Дополнителниот Акционен план за чистење на р. Брегалница, долж нејзиното течение.
За спроведување на овој Дополнителен Акционен план се ангажирани 104-те лица, вработени преку Општина Штип. Во акцијата што се спроведува на штипската територија доброволно со сопствена механизација се вклучени приватни градежни компании и јавни претпријатија.
За ангажираната механизација од Владата се обезбедени: гориво, масла, мазива, ситни поправки и дневници за ракувачите со механизацијата. Од приватните градежни компании во акцијата се вклучени: ГП Бетон - Кочани, Слимко - Штип, Павле Транс - Штип, Коле Транс - Штип, Пелагонија Инженеринг - Штип, Чамба Транс - Штип.
Овие компании учествуваат во расчистување и регулација на коритото на р. Брегалница: од мостот на р. Злетовица кај с. Уларци до мостот на р. Брегалница кај с. Балван.
Од јавните претпријатија во тековните активности учествуваат: ЈТД Елтра, ЈП Штип Проект, ЈП Исар, ЈП Македонија Пат. Истите се задолжени за расчистување и регулација на коритото на р. Брегалница од с. Долни Балван до мостот кај Бања Кежовица.
Целокупната акција ќе трае 6 месеци. Мониторинг на сите активности ќе вршат одговорни лица од: Локалната самоуправа, ЈП Исар и ЈП Штип Проект.  
 
Теренската акција за проценка на данок на имот започнува на 4 јули
Почитувани сограѓани,

p1080267_resize.jpgВе информираме дека од 4 јули (сабота) 2009 год. започнува теренската акција за проценка на недвижен имот. Ги известуваме сите даночни обврзници (физички и правни лица) дека ќе се врши проценка на вредноста на следниве недвижнини: куќи, станови, гаражи и помошни објекти. 50 комисии, составени од 150 волонтери, овластени за извршување на дејноста, ќе ја остваруваат репроценката на целата територија на општина Штип.

Прочитај повеќе...
 
ОДРЖАНА ПРВАТА СРЕДБА НА ФОРУМ НА МЛАДИ
p1080368_resize.jpg На 30 јуни 2009 год. (вторник), со почеток од 12ч. во Сала I на Советот на Општината, се одржа првата средба на Форумот на млади на Општина Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, д-р Зоранчо Алексов, присуствуваше на средбата, поздравувајќи ги младите и искажувајќи ја својата поддршка и поддршката што Општината во доменот на своите ингеренции ја нуди кон младинската иницијатива.
Форумот беше отворен за сите заинтересирани млади лица, така што учествуваа 44 млади луѓе, кои ги наведоа најголемите проблеми на младите во Штип. Откако се одредија областите каде има најмногу проблеми, учесниците продолжија со работа во шест работни групи според детектираните области и тоа: здравство, образование, вработување, спорт и рекреација, култура и сообраќај.
Прочитај повеќе...
 
Теренско проценување на штетите направени од природната непогода на 2 јуни
Комисијата за проценка и утврдување на висина на штета, настаната од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи неделава проценува на терен и тоа врз основа на 126 – те поднесени пријави. Членовите на комисијата врз основа на проценетите штети од теренот ќе изготват елаборат што ќе биде ставен на гласање на една од идните седници на Советот на Општина Штип. По усвојувањето на елаборатот истиот ќе биде доставен до Министерството за финансии (до Комисијата за проценка за штети од елементарни непогоди ). Целата постапка за проценување на штетите од невремето што се случи на 2 јуни ќе трае најмногу 60 дена, согласно Законот за заштита и спасување и согласно единствената методологија за процена на штети од елементарни и други непогоди. На последниот состанок на Комисијата за проценка и утврдување на висина на штета, настаната од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи за претседател беше избран преставникот од Одделението за буџет, финансии и ЛЕР, Лазар Соколовски. Воедно беше донесена и методологија за работа според која првиот работен ден по временската непогода ќе се состанува комисијата. На состанокот ќе се донесуваат одлуки за излегување на терен, а теренското проценување ќе се реализира два дена по завршувањето на рокот за поднесување на пријави.


М.Р-М.

 
Започнаа обуките за 150-те волонтери
p1080267_resize.jpg Обука за престојните волонтерски активности се одржа денес со почеток од 14ч. во Сала 1 во општина Штип. Целта на реализираната обука беше:


Прочитај повеќе...
 
Работилница во рамки на програмата ,,Форуми во заедниците"
p1080259.jpgСо цел да се подготви реална и успешна апликација на Општина Штип за последниот повик за Програмата ,,Форуми во заедниците” на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Одделението за буџет, финансии и ЛЕР, на 17.06.2009 год. (среда), со почеток во 10 ч. во Сала 1 на Совет на Општина Штип, одржа работилница за утврдување на приоритетни теми за засегнати страни.
На работилницата присуствуваa: претставници од бизнис - секторот, НВО -секторот, урбаните заедници и општинската администрација.
Прочитај повеќе...
 
Промовиран Центарот за рамномерен регионален развој na Брегалничкиот регион
Рамномерно регинален развој на Источниот - Брегалнички регион е целта на центарот за регионален развој на источниот плански регион кои пред институциите и јавната администрација и граѓаните, изврши своја промоција. На промоцијата беше преставена и програмата како и акциониот план за развој на регионот во наредните пед односно две години. Формирањето на Центарот за рамномерен регионален развој е согласно законот за рамномерен развој според кој финансирањето е 50% од буџетот на РМ и 50% од буџетите на општините. Средствата за минатата година се веќе префрлени на сметката на Центарот и истите ќе бидат потрошени за реализирање на регионални проекти кои ќе ги утврдат градочалниците на советот на градоначалници кој во петокот ќе се одржи во Кочани.
 
Голен успех на штипските ракометари и ракометарки
Ракометната екипа од училиштето Тошо Арсов и ракометарките од училиштето Димитар Влахов освоија први места на Државното првенство на училишен спорт во организација на Агенцијата за спорт и млади. По овој повод градоначалникот д-р Зоран Алексов органзира прием на двете екипи и им врачи пригодни награди. Ова е уште една потврда на заложбата на Штипскиот градоначалник за стимулирање и наградување на успесите на Штипските екипи.
 
Учениците од СОУ Коле Нехтенин доследно ја претставија Македонија на Олимпијадата по мехатроника

Никола Петков и Александар Лазаров ученици во Средното општинско училиште ,,Коле Нехтенин" освоија второ место на олимпијата по мехатроника во Романија. Во конкуренција на 11 екипи од 8 европски држави Штипскиот тим за половина поен беше послаб од прво пласираните.
По попов успехот на штипските средношколци денеска градоначалникот д-р Зоран Алексов организираше прием и на учениците им врачи стимулативна награда од 10 000 денари. Според менторите од СОУ Коле Нехтенин заедничка заложба со градоначалникот е наредната олимпијада да се одржи во Штип.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 15 од 31
Advertisement
« < Јули 2009 > »
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Најнови Настани

Нема настани

Новости

Предлог Буџет за 2009 година
Предлог Буџет на Општина Штип за 2009 година