|
Добродојдовте на официјалната страна на Општина Штип |
|
Почитуван посетителу
|
| Добредојдовте на официјалната Web страница на oпштината ШТИП |
|
|
Единствен по душа и убавина, византискиот град Естипион, пеонскиот град Астибо, или пак денешниот град под Исарот, како и да го наречете, ќе Ве пречека овде со својата богата историска, културна, едукативна и економска традиција. Преку овие страници ќе дознаете за првата опера изведена во Македонија токму во Штип, ќе ги видите бројните културно-историски споменици – црквите и галериите, класичниот град Баргала ќе ве врати назад во времето. Ќе се запознаете со својствата на бањата Кежовица, ќе Ве понесат фестивалските денови на Макфест. За Штип, за неговиот растеж и проблеми, за неговото минато, сегашност и иднина, може да зборуваме секогаш и секаде, но тој е сега пред Вас. Тука се неговите генерации, неговото време, тука е животот на овој град и во овој град.Нема многу да Ви зборувам за се она што може да го најдете овде, само ќе Ве поканам да ги разгледате овие страници и да го запознаете Штип. Топлината и радоста што овде ќе ја најдете, нека го исполни вашето срце со истата онаа љубов која ние ја чувствуваме за нашиот град, правејќи сé за да стане подобро и поубаво место за живеење.
Затоа, уживајте во прошетката по минатото, сегашноста и соништата за иднината на Штип.
Срдечно,
Градоначалник на Општина Штип
Панде Сарев
|
|
|
Одржан состанок на Советодавната група на грагани и Ромската советодавна група на грагани |
|
Одржан состанок на Советодавната група на грагани и Ромската советодавна група на грагани и претставници од ОСЦЕ.
На состанокот учествуваа претставници од ЕЛС на Општина Штип и ЕЛС Карбинци, Одделение за заштита и спасување, СВР Штип,Министерството за одбрана, Медицински центар, Дирекција за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Општинскиот против пожарен сојуз, невладини организации, медиуми и други релевантни институции на локално ниво.
Состанокот беше на тема “Противпожарна заштита” со цел да се подобри локалната безбедност и противпожарната заштита.
На состанокот беа донесени следните заклучоци:
1.
Да се активираат доброволните друштва и маневарските единици на подрачјето на Општина Штип и да заземат активно учество и помош при пожари.
2.
Да им се овозможи обука на доброволните друштва и маневарските единици на подрачјето на Општина Штип за противпожарна заштита.
3.
Мотивирање на нови граѓани за зачленување во доброволните друштва и маневарските единици на подрачјето на Општина Штип.
4.
Подобрување на комуникацијата и координирање на иституциите помеѓу себе за време на пожар кои се надлежни за санирање на пожари.
5.
Информирање и едукација на граѓаните за превенција од пожари.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Започна реконструкцијата на тротоарот на улица Маршал Тито |
ЈП Штип проект ги започна градежните работи околу реконструкцијата на тротоарот на улицата Маршал Тито на потегод од хотелот Оаза до црквата Св. Никола. До крајот на овој месет ќе се изврши смена на тротоарската конструкција со површина од 1000 метри квадратни и ќе се уреди дрворедот. Предвидено е смена на асфалтната маса со повер елементи. Реконструкцијата на тротоарите е еден од приоритетите за реконструкција, покрај овој проект до крајот на годината од листата на приоритети треба да се изгради тротоар кај градските гробишта и проширување на патот до капелата, реконструкција на дел од улицата Сутјеска и замена на дел од јавното осветлување.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Искуството во промоцијата на туризмот во општината интересно за претставници од Албанија |
Искуството во промоцијата на туризмот во општината
интересно за претставници од Албанија
Денеска во посета на Штип беше албанска елегација
составена од претставници од општините во Албанија. Посетата е во организација
на Холандската организација СНВ со која општина Штип има остварена соработка во
делот на туризмот. Гостите од Албанија добија подетална слика за туристичките
потенцијали на Општината и начините на нивна промоција од градоначалникот Панде
Сарев. Ова е само потечна иницијатива за соработка помеѓу општини од Македонија
и од Албанија која треба да продолжи да се равива и на останатите полиња етавот
и на гостите и на домакините.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Општината Штип ќе соработува со CIVIL POL |
Општината Штип ќе соработува со CIVIL POL во реализацијата на проектот Подршка наразвојот на развојот
наполицијата.
Дание Ортега, главен инспектот и регионален советник и Мишела
Гошева од CIVIL POL остварија, работен состанок со
градоначалникот Панде Сарев на кој го запознаа со задачите и целите на проектот
Подршка на развојот на развојот на полицијата, финансиран од Европската
Комисија. Претставниците на CIVIL POL беа заинтересирани за досегашната соработка на полицијата со општината и
информирањето на Советот на општината со работата на секторот за внатрешни
работи.
|
|
|
Строги казни за загадувачите на животната средина |
|
„Општина Штип ги
известува граѓаните дека започна со примената на новиот Закон за управување со
отпад кој пропишува парични казни за загадувањето на животната средина. Во Член142-од законот се дадени Прекршочни санкции за физички лица
(1) Глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
на физичко лице за прекршок доколку:
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Штип прераснува во Македонски Манчестер |
|
Македонскиот Манчестер станува
Мека за шопинг. Расте бројот на граѓани кои за време на викендите доаѓаат во
Штип во обиколка на конфекциите. И конфекционерите и фабриките за чевли се задоволни. Само во саботите
бројот на купувачи им се зголемува за два до три пати. Ќар од посетата на
шопинг туристите, освен конфекциите имаат и угостителите. Никој, дури и во
лето, не си оди без да проба штипска пастрмајлија. Засега само инцидентно
организирани групи со автобуси од други градови го одбрале Штип како шопинг дестинација.
Најголем дел индивидуално се организираат. Има ли простор Штип да се најде во
понудите на туристичките агенции како привлечно и евтино место за шопинг? -„ Oд општината велат дека наскоро ќе биде изготвен акционен план за туризам во
кој ќе се понудат активности со кои Штип
треба да стане уште поинтересен за шопинг туристите. -„За да може да ги ставиме
во функција сите потенцијали кои постојат во општината, во план е, во најскоро
време да биде изготвен еден акционен план за туризам“, изјави Сунчица Ѓуфтеска,
портпарол на општина Штип.
|
|
|
Пуштен проток на биолошкиот миниум во реката Лакавица |
По интензивно реагирање од градоначалникот Панде Сарев од минатата недела започна протокот на биолошкиот минимум во реката Лакавица од браната Мантово. Деновиве, работната организација за стопанисување со води ,,Мантово,, од Радовиш достави писмено известување дека дневно од браната се испуштаат 45 литри вода во секунда што претставува биолошки минимум. Надлежните од општината на лице место се уверија дека од испусните канали на браната има проток на вода која по течението на реката понира. Со ова е решен триесет деценискиот проблем со водата во оваа река.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Општина Штип стана членка на АCTE |
Во рамките на шеснаесеттото Генерално Собрание на Европската Асоцијација на градови со текстилна индустрија, одржано во Лоч, Полска на 17-ти Мај, Собранието го одобри барањето за зачленување на следниве градови: Штип (Македонија), Covilha (Португалија), Consorci per l`ocupatio I la promocio economica del
valles occidental (Шпанија), FITEX CITTA (Шпанија), ADRAVE, ANIT-LAR
(Португалија) и INCDTP (Романија) се нови членки на АCTE
|
|
|
Донесена одлуката за втората листа на приоритети на Општина Штип |
|
Донесена одлуката за втората листа на
приоритети на Општина Штип кои ќе се реализираат од средства обезбедени
од вишокот на средства од буџетот на Општина Штип за 2007 година, а
пренесени во буџетот на Општина Штип за 2008 година и дел од буџетот на Општина
Штип за 2008 година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|