Home Announcements Демант на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ
Демант на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ
Wednesday, 17 February 2021 15:54
There are no translations available.

opstina-stip-zgrada-3Неупатеноста, и безидејноста на ВМРО ДПМНЕ го достигна дното. Ако само помислите дека го допреле дното, тие одат уште подлабоко. 

Она што беше ветено од страна на општината за обезбедување на документација за гасификација е целосно реализирано односно обезбедена е целата планска документација врз чија основа треба да започне и реализацијата на овој значаен проект. 

За нивна информација, само оваа година извршена е целосна промена на кровот на училиштето Тошо Арсов и ЕМУЦ, а во  наредниот месец ќе се започне со  промена на кровот на училиштето Гоце Делчев. Исто така на овие училишни објекти се поставени енергетски ефикасни фасади, а истата ќе биде поставена и на училиштето Гоце Делчев. 

За нив беше научна фантастика вложувањето во образовните објекти, поставување на лед осветлување, обезбедување на планска документација за гасификација и слични вакви проекти кои се во интерес на граѓаните. Затоа им порачуваме во наредниот период да се соочат со вистината колку и да боли, дека СДСМ она што го ветува и го реализира.

Ќе продолжиме и понатаму да ја реализираме нашата програма ветена пред граѓаните, да реализираме проекти и Штип да биде развиен и модерен град

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2021
M T W T F S S
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize