Home Events Промотивна прес конференција на проектот „Културен мост низ вековите“
Промотивна прес конференција на проектот „Културен мост низ вековите“
Friday, 17 January 2020 14:50
There are no translations available.

KulturenMost-01Во организација на Источен плански регион и Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Република Бугарија се организираше промотивна прес конференција на проектот „Културен мост низ вековите“

Проектот има прилично големо влијание на заедничка презентација на заедничко традиционално и културно наследство како алатка за одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион преку популаризација на вредностите на културната традиција и материјалното и нематеријалното културно наследство. Реставрацијата и заштитата на објектите со културно и историско значење ќе допринесе за зголемена туристичка конкурентност на прекуграничниот регион.

Во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ ќе се реализираат голем број на активности во прекуграничниот регион, како што се обуки за туристички водичи, различни работилници со теми поврзани со Управување со културно наследство, форуми за дискусии на слични теми како и градежни активности на црквата Св.Власие во археолошкиот локалитет Исар во Штип, и на народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица.

Договорот е потпишан на 04.09.2019 година, со што имплементацискиот период започнува на 05.09.2019, а датумот на завршување на проектот 03.09.2021. Водечки партнер на проектот е Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, а како проектен партнер 2 се јавува Центарот за развој на Источен плански регион.

Проектот се реализира во рамки на Интерег ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, управувана од страна на Генералниот Директорат за „Територијална Соработка и Управување“, Министерство за регионален развој и јавни набавки на Р.Бугарија-Управен орган на Програмата во соработка со Министерство за Локална самоуправа на Република Северна Македонија - Национален орган на програмата.

Градоначалникот на Општина Штип и претседател на Советот на Источен плански регион, Благој Бочварски го поздрави овој настан.

„Ваквите настани се се почести и затоа како претставници на општините можеме да бидеме задоволни, бидејќи се работи за интересот на граѓаните. Со овие проекти од прекугранична соработка ја зајакнуваме презентацијата на културното наследство.

Со овој проект ќе се работи на реставрација на црквата Св. Власие кај тврдината Исар и градежни активности на народното читалиште „Георги Тодоров 1885,“ истакна Бочварски во изјавата.

На настанот свое поздравно обраќање покрај градоначалникот Бочварски, имаа и државниот секретар во Министерство за локална самоуправа, Кирил Парталов, градоначалникот на Општина Белица, Радослав Ревански, директорот на НУ Завод и Музеј Штип, Митко Штерјов, секретар на Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“, Маја Падарева и проектниот координатор, Александра Белички Ѓорѓиева.

KulturenMost-02

KulturenMost-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

February 2020
M T W T F S S
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize