Home Events Увид во реконструкции во ООУ „Ванчо Прќе“
Увид во реконструкции во ООУ „Ванчо Прќе“
Tuesday, 25 February 2020 15:17
There are no translations available.

OOUVancoPrke-01Општина Штип инвестираше во неколку реконструкции во основното училиште Ванчо Прќе. Се работи за изградба на затворен балон – игралиште за потребите на учениците, инвестиција која чини 2,1 милион денари, дополнително изградена е отворена училница, нови компјутери, смарт табли, лед телевизори, реконструкција на тоалети и нова железна ограда.

Градоначалникот Благој Бочварски заедно со директорот на училиштето извршија увид во градежните активности.

„Инвестиравме во вистинските потреби на учениците и наставниот кадар во ова основно училиште. Инвестирани се вкупно околу 4,7 милиони денари.

Затворениот балон е убав објект за учениците да се развиваат во вистински правец,“ кажа Бочварски.

Директорот на училиштето изрази благодарност до Општина Штип за одвоените средства за ова училиште.

OOUVancoPrke-02

OOUVancoPrke-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2020
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize