Home Events Комплетиран водовод во населба Балканска
Комплетиран водовод во населба Балканска
Thursday, 27 February 2020 15:24
There are no translations available.

VodovodBalkanska-01Локалната власт заедно со јавното претпријатие „Исар“ го комплетираше најголемото барање на граѓаните од населбата Балканска. Домакинствата во Балканска добија чиста и здрава вода за пиење од градскиот водовод.

Јавното претпријатие „Исар“ во изминатите неколку месеци работеше на приклучување на градскиот водовод со оваа населба.

Ова е голем чекор за локалната самоуправа бидејќи после многу години и после многу ветувања од страна на претходната власт, денеска граѓаните се соочуваат со нова реалност – чиста и здрава вода за пиење.

„Во изминатите месеци работевме напорно за остварување на најголемото барање на жителите од оваа населба, направивме 4 километри цевка која е приклучена на градскиот водовод и граѓаните конечно добија чиста и здрава вода за пиење, оваа инвестиција чини 360.000 евра,“ истакна градоначалникот 

Бочварски.

Директорот Живко Тасев истакна дека јавното претпријатие Исар работеше напорно во овој дел од градот и продолжуваат со приклучоци во населбите Македонка и Чардаклија.

Основните услови за живот и подобрената инфраструктура се приоритет на локалната власт. Заеднички со граѓаните се подобруваат условите и Штип го доживува вистинскиот развој.

VodovodBalkanska-02

VodovodBalkanska-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2020
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize