Home Events Заклучоци од координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав
Заклучоци од координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав
Monday, 30 March 2020 17:17
There are no translations available.

Sostanok 3 - 30 03 2020Денеска се одржа координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто дополнително присутни беа претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, , СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување и АРМ.

На овој трет координативен состанок се разговараше за дополнителни мерки за превенција како и за идните чекори кои треба да бидат превземени од страна на институциите на локално ниво, а се важни за заштита на граѓаните и справување со настанатата ситуација со Корона вирусот, Ковид-19.

Општинскиот Штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:

 

  1. 1.Општина Штип работи на изградба на  три пункта на сите три влеза во градотсо поставување на времен режим на движење за дезинфекција на сите возила кои влегуваат во Штип. Се работи за влезот од Скопје кон Штип (Републичката полиција) , влез Струмица- Штип (училиштето Искра ), влез Кочани -Штип (,,Македонка ‘’) кадешто задолжително секое возило треба да помине низ овие дезифнекциони пунктови.

Благодарност за покажаната општествена одговорност на градежните компании ,,Бау Инженеринг’’,, Пелагонија Инженеринг’’ и ,,Коле Транс Инженеринг’’

  1. 2.Започнавме со доделување на 500 социјални пакети за социјално загрозени семејства.

За овие социјални пакети поддршка дадоа општествено одговорните компании ,,Витаминка’’ ,,Jугококта’’ ,,Актива Инженеринг’’ ,,Вид’’ и   ,,Бравиа’’

  1. 3.До овој момент (30.03) се тестирани тринаесет граѓани за кои очекуваме резултати.
  2. 4.СВР Штип има вкупно 128 лица за контролирање од кои 31 лице се со Решение за изолација, а 97 лица се со изјава за самоизолација. Приведени сеграѓани поради нарушување на полицискиот час.
  3. 5.Општина Штип досега подели 10 000 маски за заштита на АРМ, СВР, Клиничка болница, Здравстввен дом, Трансфузија, ЈП Исар, ЈП Стипион, ТППЕ. Благодарност до текстилните фабрики и секако работниците кои се ставија во функција на заштита на граѓаните од Корона вирусот.

6.    Општина Штип заедно со Противпожарната единица и Јп Исар во претходниот период изврши дезинфекција на станбени згради, улици, плоштад.  До овој момент се дезифекцирани станбените објекти  во централното градско подрачје, населбите 8 Ноември, Автокоманда, и дел од населбата Сењак. Денес продолжуваме во останатите населби.

7.    Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека и достава до живеалиштето. Мобилните тимови на Општина Штип и Црвен Крст досега опслужиле шеесетина лица.

8.     Апелирам за најсериозно почитување на сите насоки од институциите, затоа што здтавјето на граѓаните во овој момент зависи од сите нас. Институциите даваат максимум, но во овој момент е потребна силна граѓанска одговорност и поддршка

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

May 2020
M T W T F S S
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize