Home Events Пакети со прехранбени продукти и дезинфекциони средства
Пакети со прехранбени продукти и дезинфекциони средства
Tuesday, 14 April 2020 15:15
There are no translations available.

Paketi-01Општина Штип и Општинскиот штаб за заштита и спасување доби донација, прехранбени продукти и средства за дезинфекција од општествено одговорната компанија КИТ-ГО.

Пакетите со овие продукти ќе бидат поделени на социјално загрозени семејства, по утврдени критериуми од општинските институции и центарот за социјални грижи во Штип.

„Компанијата КИТ-ГО донира прехранбени прозиводи и средства за дезинфекција во висина од над 140.000 денари што е за поздравување, сакам да ја изразам мојата благодарност до оваа компанија што покажала општествена одговорност во овие тешки времиња кога реално на граѓаните им е потребна секаква поддршка и помош.

Овие 300 пакети коишто ги добивме од компанијата КИТ-ГО ќе ги донираме на социјално загрозените семејства,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип апелира до секоја компанија и секој граѓанин коишто се во можност во овие тешки времиња да донираат со што ќе им излеземе во пресрет на граѓаните.

Paketi-02

 

Paketi-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2021
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize