Home Events Прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19
Прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19
Wednesday, 22 July 2020 11:19
There are no translations available.

Pres-Kovid-19-22072020ko

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19 во Штип, во која ги кажа следниве податоци:

„Почитувани граѓани,

Во моментот во Штип го имаме третиот бран на Ковид 19 којшто го зголемува бројот на новозаразени.

Во овој момент во Штипската клиничка болница имаме 50 заразени лица, а 579 лица се во изолација.

Бројката сама по себе говори дека ваквата состојба не само што не смее да се потцени, туку и мора да се вклучи алармот на дополнителна претпазливост, мора да се стават сите капацитети во функција, но мора и сите граѓани да се придружат и да ја дадат својата максимална поддршка во справувањето со овој нов бран.

Поминавме тежок период на карантински викенди, полициски часови, блокада на цели сектори со сериозен удар врз економијата, но и започнаа олабавувањата на мерките и внимателно враќање на животот во оваа нова нормалност.

Кристално ми е јасно дека ниту еден граѓанин не посакува повторно враќање на сите овие состојби во градот, но сакам да ја искористам оваа прилика да замолам, да побарам од секој еден граѓанин, највисока општествена и здравствена одговорност за себе и за останатите граѓани.

Иако Општина Штип не носи одлука за карантин или полициски час, сакам да го искажам мојот став дека сум оптимист и верувам дека ќе успееме да го пребродиме овој бран, без притоа да се случи делумно или целосно затворање на градот.

Затоа ние мораме да направиме се и да не дозволиме да продолжи растот на новозаразени, а со тоа да се преполнат капацитетите на болниците и повторно да се вратиме на поголеми ограничувања во функционирањето.

Во изминатиот период разговарав со сите инспекторатите, со полицијата, со обвинителството како репресивни органи кои ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат прекршувањата од кој и да се случат.

И во оваа пандемија покажавме дека државата функционира и законите важат еднакво за сите.

Ниту сега нема да дозволиме било кој да биде поштеден при прекшување на законите.

Што се однесува до Општина Штип, ние продолжуваме со дезинфекција на сите институции, на сите локации кадешто имаме поголемо групирање на граѓаните и на јавните простори.

Заедно со Клиничка Болница Штип и Министерство за Здравство веќе работиме на поставување на монтажен објект во кругот на Клиничка Болница, со цел зголемување на капацитетите во месец септември и октомври, доколку се јави потреба.

Започнато е проектирањето на сите инсталации за овој објект после што ќе чекаме сигнал од Министерството за здравство, за отпочнување со реализацијан на истиот.

Сите овие активности се во насока на поддршка и на заштита на колективното здравје на граѓаните, но ова немора да значи ништо, доколку не се вклучиме сите и доколку секој еден општествен чинител или поединец не ја сфати оваа состојба најсериозно.

Сите субјекти, невладини организации и бизнис секторот, сите институции, секој граѓанин, буквално сите мораат да имаат до знаење дека здравствените работници се уморни, дека се изложени на сериозен ризик, поголем од сите нас и дека будно 24 часа се грижат за секој на кој му е потребна помош.

Да им помогнеме на здравствените работници, со тоа му помагаме на здравствениот систем да биде подготвен и во иднина да се справува со предизвиците.

Затоа барам сите без исклучок да ги почитуваме трите основни, едноставни и на секого јасни критериуми коишто се посилни и позначајни од било која друга мерка.

Ова е предизвик и сериозен проблем за целото општество, а јас сум убеден дека не постои проблем кој неможе да биде надминат со сериозен и внимателен пристап,“ истакна Бочварски на прес конференцијата.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2020
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize