Home Mayor
Mayor of Municipality of Stip
There are no translations available.

Jane MilanovЈане Миланов

Заменик градоначалник на Општина Штип

Роден е на 03.10.1960 во Штип. Основно и средно образование завршува во родниот град, со континуиран одличен успех. Дипломира на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1984 година, со просечен успех 9,2.

Во 2001 година во Магдебург, Германија се стекнува со меѓународен Сертификат за „Методика и дидактика во стручното образование“, како учесник во програмата реализирана од страна на DSE (Германската Фондација за Меѓународен развој). Истата година година добива Сертификат “Educational Policy”, по завршениот курс во рамки на истоимената програма спроведена од страна на Љубљанскиот Универзитет и Фондацијата „Отворено општество - Македонија“. Во периодот 2001-2002 година е активен соработник на GTZ (Канцеларија за поддршка на билатералната соработка помеѓу Македонија и Германија), при што како учесник на обуките во соработка со Министерството за образование и наука, се стекнува со 3 меѓународни сертификати за завршени стручни обуки. Во 2007 година е учесник на работилницата за професионален развој за наставни тренери, по чија реализација добива Сертификат од USAID. Истата година Миланов е избран за член на Испитниот одбор во рамки на програмата “South Eastern Euro Skills in Mechatronics”, реализирана во Букурешт, Романија. Во 2008 година учествува на конференцијата “Skills@Work Challenge”, при што се стекнува со сертификат од Британскиот Совет. Во 2013 година се стекнува со Сертификат за современи методи во наставата, по успешно завршената обука во рамки на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, во соработка со здружението „Витраж“.

Професионална кариера: Веднаш по завршувањето на додипломските студии стапува на работно место – професор во тогашниот Електро-машински улилишен центар (ЕМУЦ), сегашно средно општинско училиште „Коле Нехтенин“. Во 2003 година е назначен за директор на гореспоменатата образовна институција, каде до 2009 година ја извршува директорската функција, за по завршувањето на мандатот да продолжи со наставната дејност.

Политички ангажман: Во периодот 2012-2015 е активен член на Советот за образование при Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. За време на  локалните избори во 2013 година е носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, а заклучно со септември 2017 година и координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во рамки на Советот на Општина Штип. На 06.11.2017 е избран за Претседател на Советот на Општина Штип и ја извршува оваа функција сѐ до 24.08.2020. Назначен е за заменик градоначалник на Општина Штип и на 31.08.2020 година почнува со извршување на функцијата.

 


Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

October 2020
M T W T F S S
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize