|
Во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во срцето на Источна Македонија се наоѓа Општина Штип. Лоциран меѓу височините на Исарот, Мерите и Кумлакот, по должината на двата брега на суводолицата Отиња се простира нашиот град што е источен македонски центар и еден од најстарите македонски градови. Лежи на надморска височина од 300 метри. Распослан е на површина од 893 км2 на која според последниот попис живеат 47.796 жители. Штип е центар на Источно - планскиот регион и се граничи со седум општини.
|