| Извештај 01/2011- спроведена постапка за ЈПП -осветлување |
| Понеделник, 10 Јануари 2011 09:06 | |
|
За најповолна понуда по огласот бр.01/2010 за избор на приватен партнер за склучување на договор за јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација и одржување на јавното осветлување се избра понудата на прворангираниот понудувач:
„ГЛОБАЛ ЕНЕРГИ СИСТЕМС“ дооел, ул.„Алексо Демниевски Бауман “ бр.3 Велес
Вкупната инвестиција на прворангираниот кандидат за реконструкција, модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Штип изнесува 153.543.360,00 денари со вклучен ДДВ. Во вкупната инвестиција е вклучен и износот за потрошена електрична енергија кој паѓа на товар на приватниот партнер. Очекуваната заштеда на електричната енергија согласно усвоената понуда на прворангираниот кандидат изнесува минимум 60 %. Одлуката за избор на приватен партнер се донесе врз основа на Предлогот за избор на најповолна понуда бр. 08-5681/19 04.01.2011 година и Извештајот од спроведената постапка на Комисијата за спроведување на постапка за јавно приватно партнерство бр. 08-5681/18 од 30.12.2010 година.
|