Почитувани,
По реакциите што ги добивме во неколку постапки за доделување на договор за јавни набавки што се спроведуваат по електронски пат, Ве информираме за одредени технички проблеми со кои би можеле да се соочите при спроведувањето на истите. Документите кои понудувачите ги прикачуваат на системот (пр. техничка понуда, финансиска понуда итн.) а се изработени во MS Office 2007 и се дигитално потпишани, потребно е да се отвораат во MS Office 2007 бидејќи доколку истите се отвараат во програмскиот пакет MS Office 2003, прикачениот дигитален сертификат на документот не може да се види и отаму може погрешно да се заклучи дека документите не се потпишани.
Со цел да се избегнат ваквите проблеми Ве молиме отварањето на понудите доставени по електронски пат да го спроведувате во MS Office 2007.Овој проблем не е поврзан со користењето на електронскиот систем за јавни набавки или со самите дигитални сертификати туку е во врска со функционирањето и компатибилноста на самите производи на Microsoft.
Оваа препорака е потенцирана во прирачниците за користењето на ЕСЈН и беше посочена на обуките кои ги одржа Бирото наменети за ЕСЈН.
Ве молиме при спроведување на постапките по електронски пат да ја имате во предвид горенаведената напомена.
Со почит,
Биро за јавни набавки
| Превоз на ученици во второто полугодие од учебната 2009/2010 година - повторена постапка - 02/2010 |
| Среда, 27 Јануари 2010 13:31 | |||
|
Градоначалникот на Општина Штип на 26.01.2010 година, донесе решение за поништување на постапката за доделување договор за јавна набавка во отворена постапка број 01/2010 за набавка на услуги - превоз на ученици од прва и втора година задолжително средно образование во второто полугодие од учебната 2009/2010 година.
Истата постапка за набавка на услуги - превоз на ученици ќе биде повторена. Заинтересираните економски оператори можат да ја превземат тендерската документација на следниот линк:
|