Почитувани,
По реакциите што ги добивме во неколку постапки за доделување на договор за јавни набавки што се спроведуваат по електронски пат, Ве информираме за одредени технички проблеми со кои би можеле да се соочите при спроведувањето на истите. Документите кои понудувачите ги прикачуваат на системот (пр. техничка понуда, финансиска понуда итн.) а се изработени во MS Office 2007 и се дигитално потпишани, потребно е да се отвораат во MS Office 2007 бидејќи доколку истите се отвараат во програмскиот пакет MS Office 2003, прикачениот дигитален сертификат на документот не може да се види и отаму може погрешно да се заклучи дека документите не се потпишани.
Со цел да се избегнат ваквите проблеми Ве молиме отварањето на понудите доставени по електронски пат да го спроведувате во MS Office 2007.Овој проблем не е поврзан со користењето на електронскиот систем за јавни набавки или со самите дигитални сертификати туку е во врска со функционирањето и компатибилноста на самите производи на Microsoft.
Оваа препорака е потенцирана во прирачниците за користењето на ЕСЈН и беше посочена на обуките кои ги одржа Бирото наменети за ЕСЈН.
Ве молиме при спроведување на постапките по електронски пат да ја имате во предвид горенаведената напомена.
Со почит,
Биро за јавни набавки
| Градежни работи за реконструкција на дел од просториите во зградата на Општина Штип – 02/2010 |
| Четврток, 02 Септември 2010 13:14 | |||
|
Објавен е оглас за набавка на работи број 02/2010 во постапка со барање со прибирање на понуди со објавување на оглас– градежни работи за реконструкција на дел од просториите во зградата на Општина Штип. Секој економски оператор може да ја погледне тендерската документација на линкот подолу, а за да учествува на тендерот треба да ја подигне преку претходно поднесено писмено барање до Општина Штип . НАПОМЕНА: За учество на тендерот, тендерската документација мора да биде заверена од Општина Штип!
|