|
На 9-ти април 2012 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот, во Општина Штип ќе биде извршена презентација на студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот „Национален гасификационен систем во Република Македонија, делница 1, Клечовце - Неготино, со крак до ТЕЦ Неготино“.
Студијата е на Министерството за транспорт и врски а изработувач е друштвото за технолошки и лабораториски испитувања , проектирања и услуги „Технолаб“ ДОО - Скопје. Студијата е изработена во периодот септември - декември 2011 година.
Делницата 1, Клечовце - Неготино е со должина од 96,59 километри а кракот Неготино до ТЕЦ Неготино е со должина од 4,78 километри.
|
|
Согласно член 134, член 135 и член 136 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), до Градоначалникот на Општина Штип доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (Уп I бр. 22/11-490 од 30.12.2011 год.).
Подносител на барањето:
Ефтим Шаклев,
Свињарска фарма со 80 маторици
|
|
Повеќе...
|