| Одржана седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР |
| Среда, 24 Ноември 2010 10:17 | |||
|
Исто така беше усвоена и програмата за работа на Домот на младите – Штип во 2011 година и предлог-програмата за одбележување на Св. Никола – Денот на градот за 2010 година. Прифатена е и предлог – одлуката за финансиско учество за обезбедување на археолошкиот локалитет Баргала како и барањето од ОУ „Гоце Делчев“ Штип за согласност за учество во апликацијата во Програмата за зајакнување на капацитетите на училишните одбори и нивно учество во процесот на реновирање на училиштата, кој ќе се спроведе од октомври 2010 година до јуни 2011 година од страна на УСАИД/ПЕП. Членовите на Комисијата го прифатија и барањето за реализација на програмата за ран детски развој во учебната 2010/2011 година како и предлог - одлуката за доделување на финансиски средства по повод меѓународниот ден на хендикепираните лица. Последните две точки кои се однесуваа на барањето од противпожарен сојуз на Македонија за финансирање на активностите на противпожарната организација во општината и барањето за спонзорство од Македонско – Хрватското здружение од Штип за свечена Божиќна прослава не беа прифатени од комисијата.
|