Дома Настани Одржана седница на Советот на Општина Штип (10:00)
Одржана седница на Советот на Општина Штип (10:00)
Среда, 01 Декември 2010 11:01

sednica_na_sovet_1_resizeВчера се оддржа 25-тата седница на Советот на Општина Штип на чиј дневен ред беа 16 точки.
Меѓу поважните, советниците го разгледаа и прифатија кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Штип за третиот квартал за 2010 година за период од 01.01.до 30.09.2010 година како и Предлог-Одлуката за измена на распоредот на средствата во буџетот на Општина Штип за 2010 година.

Советниците ја разгледаа и Предлог-Одлуката за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за дел од населба „Дузлак“ дел од УЕ 105 (4,5 ха) Општина Штип, потоа Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за автотакси превоз на патници на подрачјето на Општина Штип и Предлог-Одлука за финансиско учество за обезбедување на археолошки локалитет „Баргала“. Со оваа одлука се овозможува ангажирање на обезбедување на локалитетот со оглед на недоамнешните случувања кога вредни артефакти беа уништени.

Беше усвоена и Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за автотакси превоз на патници на подрачјето на Општина Штип со кој се предвидува во период од 9 месеци за адаптација на такси возилата согласно новите услови, со кои меѓу другото се предвидува и унификација.

Советот дискутираше по уште десет точки утврдувајќи уште неколку предлог-одлуки и усвојувајќи уште неколку извештаи меѓу кои и Предлог-Одлуката за реализација на програмата за ран детски развој во учебната 2010/2011 година, Предлог-Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2011 година, потоа Предлог-Програмата за работата на Дом на млади – Штип во 2011 година.

Исто така беше усвоена и Предлог-Програмата за одбележување на Св. Никола – Ден на градот за 2010 година.

Советниците ги разгледаа и извештаите за работата на ЈП „Исар“–Штип од 01.07.2010–30.09.2010 година и извештајот за одржување на јавната чистота на ЈП „Исар“–Штип од 01.07.2010-30.09.2010 година.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер