Дома Настани Се одржа форум за борба против семејното насилство
Се одржа форум за борба против семејното насилство
Среда, 01 Декември 2010 14:14

semejno-nasilstvo-forum-01122010-1По повод Светските денови за борба против семејното насилство, а со цел размена на  мислења за развивање на механизми за спречување на семејното насилство на ниво на Општина Штип, координаторот за еднакви можности при Општина Штип и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Штип организираа форум на тема: „Практики и искуства  во борбата против семејното насилство“.

Форумот се одржа во големата салатаsemejno-nasilstvo-forum-01122010-2 на Советот на Општина Штип и на него присуствуваа претставници од повеќе институции.

Низ бројки и факти за семејното насилство во Македонија а посебно во Штип зборуваше претставникот на СВР-Штип, Ангелчо Стојанов. Тој ги пренесе статтистичките показатели околу семејното насилство како и Законската регулатива во поглед на санкционирањето на семејното насислтво согласно кривичниот Закон на РМ.

semejno-nasilstvo-forum-01122010-3Наталија Панова од Центарот за Социјални работи во Штип зборуваше за вотриот Законски аспект кога е во прашање овој тип на насислтво. Според неа, Центарот постапува согласно одредбите од Законот за семејство.

Стојан Михов од основниот суд во Штип , зборуваше за семејното насислство од друг аспект. semejno-nasilstvo-forum-01122010-4Според него, иако семејното насилство како кривично дело влегло во Законот во 2004 година, истото предизвикувало дилеми: дали да се третира како проблем на семејството или на  општеството. Со оглед на тоа што Македонија е земја која смета дека семејното насислтво е проблем на државата, воспоставила механизми со кои ќе ги заштити жртвите а насилниците ќе ги санкционира и ќе се обиде да ги социјализира.

Форумот предизвика голем интерес со оглед на бројот на присутните во големата сала, како и на претставниците на мноштво институции.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер