|
Среда, 01 Декември 2010 16:01 |
|
По повод 1-ви декември, Меѓународниот ден за борба против СИДА, Одделението за јавни служби денес организираше предавања за учениците од средните училишта на тема: „Сексуално преносливи болести и заштита од ХИВ/СИДА“.
Предавач беше д-р Александра Србиновска епидемиолог. Предавањата се оддржаа во СОУ „Коле Нехтенин“и во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“. Со мултимедијални содржини, д-р Србиновска се обиде на учениците од овие две средни училишта да им ја предочи опасноста од ХИВ вирсуот на СИДА, апелирајки на соодветна заштита.
Презентацијата имаше едукативен карактер и покрај основните карактеристики на вирусот кој ја предизивкува сидата, учениците добија и практични совети како да се заштитат од можни инфекции.
  
|