|
Четврток, 02 Декември 2010 12:31 |
|
Денес во детската градинка Вера Циривири Трена (клон Другарче) започна новиот циклус од проектот “Ран детски развој“. Првата група деца беа примена во детската градинка во претпладневните часови.
Станува збор за вклучување на околу 50-тина деца од приградските и руралните населби, кои ќе имаат можност да се здобијат со предучилишно воспитување во следните 6 месеци. Конретно, одреден дел од денот тие ќе поминуваат со останатите дечиња за да можат да почуствуваат како е да се биде, да се престојува и да се учи во детска градинка. Минатата година проектот беше спроведен во детската градинка „Астибо“ а сега во клонот Другарче (Вера Циривири-Трена).
Децата од овој проект до јуни ќе другаруваат и ќе стекнуваат предучилишно воспитување кое подоцна ќе им помогне полесно да се вклучат во редовното образование. Овој проект го организра одделението за јавни служби при Општина Штип која воедно е и финансиер на проектот. Раниот детски развој се спроведува неколку години наназад, а започна на иницијатива и со поддршка на УНИЦЕФ се до моментот кога Општина Штип го презеде проектот со сопствени финансиски средства.
  
|