| Седница на Совет на Општина Штип |
| Петок, 03 Декември 2010 15:16 | |||
|
Најголемиот дел од прашањата од страна на советниците беа упатени кон градоначалникот д-р Зоран Алексов, кон директорите на основните и средните училишта и кон одговорните од одделениајата за комунални дејности и урбанизам.
Прашањата кои се поставуваа беа од различен домен, урбанизам, образование, екологија, инфраструктура, проекти и слично. Советниците се интересираа за реализација на одредени инфраструктурни зафати на повеќе улици во градот, за осветлувањето, водоснабдувањето, работата на Јавните претпријатија и слично. Дискусијата беше умерена и упатуваше на взаемно почитување и соработка во интерес на граѓаните. Меѓу другото, дел од прашањата упатени кон градоначалникот се однесуваа на претстојниот референдум за пренамена на парите од месниот самопридонес: - Мислам дека треба да се формира Тој воедно образложи дека за типот на брана кој се предлага ќе биде извршена корекција на постојниот проект. Исто така напомена дека се работи на соодветно решение за улицата „Ванчо Прке“ да биде претворена во пешачка зона, со можност за реализрање на подземен тунел со кој двонасочниот сообраќај останува како опција. Исто така одговараше на прашања поврзани со неколку улици во градот, за состојбата со буџетот за кој кажа дека во моментов е стабилизиран и покрај отплатата на ратите од кредитите кои не можеше да ги сервисира ЈП „Исар“.
|