Дома Настани Средба со Амбасадорот на Албанија
Средба со Амбасадорот на Албанија
Петок, 10 Декември 2010 13:50

ambasadorot_na_Albanija-10122010-1Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес во својот кабинет оствари средба со Амбасадорот на Албанија во Република Македонија, Арбен Чејку.

Амбасадорот имаше за цел да се запознае поблиску со Штип и да се разгледаат можностите за соработка. По разговорот , градоначалникот на Штип изјави:

- Амбасадорот на Албанија доаѓа за прв пат во Штип и пријатно сум изненаден од познавањето кое го има за општината. Разговаравме за унапредување на соработката во повеќе области, на образовен план, економски па и културен. Имајќи во предвид дека основата на секоја држава се општините, се договоривме да изнајдеме начин за воспоставување на соработка со некоја општина од Албанија.

Амбасадорот Чејку е задоволен од разговорите и најави уште една средба наскоро при која ќе дојде со потенцијални инвеститори:

- Ова беше пријатен пречек, ambasadorot_na_Albanija-10122010-2имавме одлични разговори и на исто гледиште сме дека треба да ја продлабочиме соработката. Вие имате Универзитет, потенцијали, така што јас се надевам дека мошне бргу ќе се видиме пак, само што овој пат ветувам дека ќе дојдам со бизнисмени за воспоставување на економска соработка. Се надевам дека ќе има шанса за нешто такво и на полето на образованието и културата. Исто така има простор и за меѓуопштинска соработка на Штип со некоја локална самоуправа од Албанија.

ambasadorot_na_Albanija-10122010-3Албанскиот амбасадор одговараше и на прашања на новинарите кои најмногу се интересираа за глобата која треба да ја платат македонците во Албанија за изучување на курс на макеоднски јазик:

- Јас нема таква информација, ќе се потрудам да разберам, меѓутоа знаете дека во Албанија секоја етничка група има право на мајчин јазик, училишта и друго. Македонците се застапени секаде во Албанија, имаат свои управи, свои весници и друго.

Во врска со можноста македонците да се изјаснат на претстојниот попис, Амбасадорот Чејку изјави:

- Ние се подготвуваме за пописот кој е во 2011 година. Да оставиме да видиме како ќе се спроведе. Мислам дека тоа се технички детали и дека секој може да ја изрази својата етничка, религиозна и која било ориентација.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер