Дома Настани Одржана свечена Акадаемија и доделени признанијата 19-ти декември
Одржана свечена Акадаемија и доделени признанијата 19-ти декември
Понеделник, 20 Декември 2010 11:57

svecena-akademija-SvNikola-18122010-1Во саботата, во мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“се оддржа свечена академија на која свое обраќање имаа градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов и Митрополитот  Брегалнички, г. Иларион.

- Ако минатата годинаsvecena-akademija-SvNikola-18122010-2 за прв пат го организиравме 19-ти декември и не знаевме како истиот ќе биде прифатен од граѓаните, сега со сигурност можеме да кажеме дека сме на вистинската патека. Светецот заштитник на градот станува синоним за традиција и успех а за нас уште поголема обврска да продолжиме со негување на вистинските вредности - изјави градоначалникот Алексов.

Митрполитот Брегалнички г.Иларион се заблагодари на позитивниот одговор на иницијативата која црквата ја поведе за воведување на овој празник:

svecena-akademija-SvNikola-18122010-7- Долги години се молевме во надеж дека нашето барање ќе биде исполнето и ете тоа се случи. Многу сум благодарен што Советот и Градоначалникот одговорија позитивно на нашите заложби да се возобнови чествувањето на Свети Никола. Сега гледам дека и народот е со нас, ги чествува овие празнични денови со голема вера и почит – изјави г.Иларион.

Веднаш потоа ќе бидат доделени наградите 19-ти декември. Годинашниот медал на „Свети Никола„ го доби Сашко Кедев, кој минатата година се искачи на покривот на светот, на врвот на Монт Еверест со што е впишан меѓу ретките македонци кои успеале да го освојат највисокиот врв на светот.

- Особено сум горд што го добивам svecena-akademija-SvNikola-18122010-8медалот Свети Никола и што сум вториот кој до сега го добил, имајќи во предвид дека празникот се одбележува од минатата година. Уште подраго ми е што го добивам од моите сограѓани што ме прави посебно горд. Се надевам дека со моите подвизи им давам поттик и мотив на помладите генерации да се стремат кон успеси и кон позитивни нешта. Штип се менува кон подобро. За сите вие кои живеете во овој град, тоа можеби не можете да го почуствувате бидејќи сте постојано тука, но за мене како човек кој доаѓа дома по извесен период, неизбежно е да се видат новите успеси на локалната самоуправа – изјави добитникот на медалот д-р Кедев.

Годинава, признанијата по повод Денот на градот ги добија:

1. Жарко Арсовски – спорт

2. Велибор Павловски – пчеларство

3. Димче Петровски - АРМ

4. Веска Радева – труд и социјала

5. Ристо Петковски - образование

6. Гоце Мицанов - музика

7. Методи Веселинов – ЈП „Исар“

8. Киро Манев - новинар

9. Ристе Милосавов - поранешен фудбалер

 

Официјалниот дел заврши со културно-уметничка програма.

Погледнете повеќе слики од академијата во галеријата.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер