| Жарко Арсовски - спортист на годината на Штип |
| Вторник, 28 Декември 2010 10:58 | |||
|
Согласно ставот на Комисијата за спорт, за спортист на годината во Штип е избран каратистот Жарко Арсовски. Очекувано и сосема правилно, ако се знае дека тој на македонското карате му го донесе најдобриот пласман-третото место на мундијалот во Белград. Најдобар спортски колектив е БК Балканец а најдобар тренер во категоријата сениори е Петар Чурлинов (бокс) а Горан Стојанов во категроија пионери, додека во младинска категроија најдобар тренер е Сашко Арсовски. Најдобар спортист во категорија пионер е Ангел Зафиров (борење) и во младинска категорија Емил Павлов (карате).
|