| Одржана 28-мата седница на Советот |
| Среда, 29 Декември 2010 09:06 | |||
|
Усвоен е Предлог-Буџетот на Општина Штип за 2011 година, потоа буџетскиот календар на Општина Штип за 2011 година и воедно Предлог-Одлуката за извршување на буџетот на Општина Штип за 2011 година. Советниците ја усвоија и Предлог-Одлуката за утврдување на Нацрт-План за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од населба „Бело Брдо“ дел од УЕ 2, опфат 0,8ха Општина Штип како и Предлог-Одлуката за изградба на дом за стари лица. На предлог на Советот, донесена е одлука за формирање комисија како и Предлог-Одлука за доделување на финансиски средства. Осма точка на дневен ред беше Предлог-Програмата за работа на Советот на Општина Штип за 2011 година. Откако беше усвоена, советниците ја изгласаа и Предлог-Програмата за одбележување на Новата 2011 година и Божиќ и потребни средства за реализација на активностите. Усвоена беше и Предлог-Програмата за спорт за 2011 година но не беше изгласана и Предлог-Годишната програма за работата на Советот на млади на Општина Штип за 2011 година. Советниците ја изгласаа и Предлог-Програмата за заштита на потрошувачите на Општина Штип за период 2011–2012 година и Предлог-Програмата за работа на ЈП „Исар“ – Штип за 2011 година по програми. Последните четири точки започнаа со Предлог-Програмата за одржување на јавната чистота на ЈП „Исар“ – Штип за 2011 година која беше усвоена како и извештајот за извршување на одлуките донесени од Советот на Општина Штип во периодот од 30 мај до 30 ноември 2010 година. Прифатен е и Извештај-Елаборатот за проценета штета од елементарна непогода невреме пороен дожд што ја зафати Општина Штип на 3 и 4 декември 2010 година а на крајот беше посветено време и за советнички прашања.
|