Дома Настани Излезе од печат книга на практики и препораки:Штип застапен со практиката „Дневен електронски билтен“
Излезе од печат книга на практики и препораки:Штип застапен со практиката „Дневен електронски билтен“
Петок, 21 Јануари 2011 09:13

dneven_elektronski_bilten-21012011Како дел од проектот за транспарентно локално владеење кои го спроведоа НВО Инфоцентар, Центарот за граѓански комуникации и ЕХО, од печат излезе книгата на практики и препораки за општините кои беа дел истиот.

Првата фаза на проектот кој се реализира со подршка на УСАИД ги опфаќа општините Струмица, Штип, Свети Николе и Виница. Во книгата се содржани меѓу другото и препораки за унапредување во четири значајни аспекти во областа на транспарентноста, отчетноста, одговорноста и учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки и креирањето политики на локално ниво.

Станува збор за учество на заедницата во процесот на донесување одлуки, професионалност на општинската администрација,степенот на информираност на граѓаните и отчетноста на општината како и проактивноста на општината кон локалната заедница.

Општина Штип меѓу примерите за добра практика е застапена со дневниот електронски билтен кој прв започна да го издава во август 2009 година. Како што стои во оваа книга, станува збор за ефективна алатка за секојдневно информирање на јавноста и новинарите.

Во книгата и други општини се посочени според други позитивни практики кои ги воспоставиле како мотивација за другите да ги следат и применуваат овие позитивни искуства.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер