Дома Настани Седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР
Седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР
Петок, 21 Јануари 2011 14:50

opstina_zgrada-2_resizeСе одржа 34-тата седница на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој на чиј дневен ред беа 10 точки.

Прифатена е предлог – одлуката за висината на цената на потрошената вода и одведување на отпадните води како и предлог – одлуката за измена и дополнување на одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на Општина Штип според изгласаното на Комисијата за урбанизам. Тоа значи дека стартот на такси возилата ќе биде по цена од 50 денари во должина од 2 километри а секој следен километар ќе се наплаќа 20 денари.

Прифатен е и извештајот за реализација на програмата за одбележување на 8 ноември како и извештајот за реализација на програмата за одбележување на Денот на градот 19 декември – Свети Никола. Членовите на Комисијата го прифатија барањето средства за котизација од ФК„Брегалница 2008“ Штип и за доделување финансиски средства на спортски клубови по програмата за спорт за 2011 година. Од спортот беше и седмата точка која се однесуваше на барањето од УЗ „Баби“ за доделување средства за турнирот во ФУТСАЛ по повод верскиот празник „Водици“.

Двете следни барања кои се однесуваа на доделувања финансиска помош за опжарен стан и куќа беа прифатени но со намалена сума на износот. Не беше прифатено барањето од УЗ „Автокоманда“ за помагање на прославата на празникот Божик – Коледе.

Дополнително беа разгледани уште две точки. Доделени се 50.000 денари за реконструкција на патото од с.Лесковица до браната Мантово на барање на урбаната заедница.

Исто така Комисијата го прифати барањето на Георги Терзиски-претставник на ДАЗ (Германско здружение на лекари за хуманитарна соработка). Комисијата одобри 150.000 денари кои ќе бидат искористени за превоз од Берлин до Штип на медицинска опрема вредна 100-200.000 евра која ќе биде донирана на здравствениот сектор во Штип.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер