Дома Настани Разговори за пречистителни станици
Разговори за пречистителни станици
Вторник, 25 Јануари 2011 09:19

razgovori_za_precistitelni_stanici-25012011Во Скопје, во Агенцијата за државни патишта се одржаа разговори за можностите за обезбедување финансиски средства за изградба на постројките за пречистување на вода за пиење.

Станува збор за постапка која се однесува на обезбедување на финансии за изградба на пречистителни станици за општините кои се дел од ХС Злетовица, или за преадаптација на постоечките, што воедно беше усвоено и како информација на седница на Вадата на РМ.

На состанокот присуствуваа и претставници на Одделението за локален економски развој на Општина Штип, со оглед на тоа што и Штип е дел од овој хидро-систем. Јапонски експерт на претставниците на општините им ги изнесе своите укажувања со цел адаптација на филтер станиците за водата од ХС Злетовица.

Според укажаното, во Штип треба да биде направена надградба на филтер станицата со цел истата да може да ги прифаќа водите од Злетовица. Општина Штип веќе има подготвено и проект за оваа намена кој е проценет на околу половина милион евра и истиот е поднесен до Европската инвестициона банка заеднички со уште неколку други помали, но важни проекти.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер