|
Петок, 04 Февруари 2011 13:24 |
|
Македонија денес ја одбележа 139-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. И Општина Штип го одбележа денот на раѓањето на идеологот на македонското револуционерно движење. Во црквата Света Богородица во Ново Село се одржа панахида по што ученици од ООУ Гоце Делчев се претставија со рецитал за ликот и делото на Делчев.
Бројни делегации исто така положија свежо цвеќе пред рељефот на Делчев кој се наоѓа на истоименото училиште во Ново Село и во кое македонскиот револуционер своевремено учителствувал. Делегацијата на Општина Штип ја предводеше градоначалникот д-р Зоран Алексов во придружба на претседателката на Советот, Сузана Николовска и советникот Војо Маневски.
Свежо цвеќе положија и претставници на Универзитетот Гоце Делчев на чело со ректорот Саша Митрев, делегации на ограноците на политичките партии, на Сојузот на борците и на институции кои го носат името на овој голем македонски херој. Споменатите делегации положија свежо цвеќе и пред бисата на Гоце Делчев на штипскиот универзитет која се наожа пред Педагошкиот факултет во кампус 2.
    
|