| Излезе од печат 10-тиот број на општинскиот гласник „Мозаик“ |
| Петок, 04 Февруари 2011 15:43 | |||
|
И во новиот број продолжува серијалот за развојот на урбаните заедници со претставување на УЗ Ново Село. Исто така поместени се наслови за новите проекти на општината, за најновиот број на дивоградби кој се искачи на над 7000, а ќе прочитате и за спортските успеси на боксерскиот тренер Петре Чурлинов и за новиот потфат на велосипедистот Дејан Зафиров кој наскоро заминува за Кина. Општинскиот гласник „Мозаик“ излегува како подлисток на месечникот „Штипски глас“.
|