| Општина Штип и Кочани со нов предлог: надоместокот за комуналии „0“ денари |
| Понеделник, 07 Февруари 2011 14:22 | |||
|
За градоначалникот на Штип, овој потег може да значи нови инвестиции во слободните зони: - Во изминатите две години Штип нема никаква добивка по основ на комуналии. Наша цел е надоместокот за комуналии да биде „нула“ денари а заеднички со мерката од 1 евро за м/2 ќе му се овозможат услови на инвеститорот уште на старт да има минимални трошоци. Источниот-ппански регион е еден од најсиромашните во земјава на планот на изградбата на нови индустриски комплекси. Со ова се отвораат можности за инвесиции, уште во старт вложувањата да бидат мали со што би се привлекле заинтересирани да градат – вели градоначалникот на Штип Алексов. Добивката на општините би била во следниот период, по изградбата на објектите. Како прво, ќе има вработување на луѓе а како втор по основ на данок на имот и други давачки ќе се инкасираат средства. И двете општини во овој момент имаат локации во слободни економски зони. Штип има 3 зони со можност за 59 објекти а Кочани пак располага со две економски зони и простор за откупен центар. Веќе на следната седница на Советот на градоначалници овој предлог на Штип и Кочани ќе биде ставен на разгледување.
|