| До 10-ти мај Општина Штип ќе добие кредитен рејтинг |
| Среда, 09 Февруари 2011 10:56 | |||
|
За време на средбата беше презентиран тимот кој ќе соработува со општините во процесот на изготвување на анализите за добивање на кредитниот рејтинг а беше опишан и самиот процес и утврдени главните рокови во текот на процесот. Во рамките на средбата беа разгледани потребните документи и податоци што општините треба да ги достават до агенцијата за кредитен рејтинг. За таа цел на средбата учествуваа и претставници на општините од секторот финансии и буџет и локален економски развој. Според кажаното, Општина Штип која е една од петте избрани општини кои е предвидено да добијат кредитен рејтинг, во втората половина на март ќе ја посети тимот кој беше претставен на средбата. Тие ќе одржат стручни средби со претставниците на надлежните одделенија и увид во финансиските параметри потребни за добивање на кредитен рејтинг. Најдоцна до 10-ти мај 2011, Општина Штип ќе добие кредитен рејтинг по што ќе уследи официјализирање на постапката.
|