| 24 екипи со 109 ученика пријавени за натпреварот по информатика „Мојот град Штип-Моја инспирација“ |
| Петок, 11 Февруари 2011 11:18 | |||
|
Како што е напоменато пријавувањето и групирањето на учесниците се врши од нивните предметни наставници/ментори. Тие формираат екипи од 4-5 ученика кои заеднички ќе работат на презентациите. Денес е последниот рок за пријавување по што ќе биде утврден бројот на натпреварувачите и училиштата. Според пропозициите, екипите од училиштата до 3-ти март ќе можат да работат на своите презентации.
Идејата е да се изготви едно мултимедијално ЦД, кое ќе содржи слики, текст, анимации и музика, карактеристична за овој град, а обезбедена од архиви или специјално создадени за натпреварот, но со автентични содржини. Презентациите може да се изработуваат во секоја расположлива програма за работа, со која би можело да се направи презентација во времетраење од 5-10 минути. Учесниците во овој интерактивен натпревар имаат краен рок на поднесување на презентациите до 3-ти март 2011 година. За оценувањето на презентациите се именува Комисија од страна на Градоначалникот на Општина Штип, која ги разгледува пристигнатите презентации, дава оценки за секоја од нив и ги именува победниците.
|