Дома Настани Одржана седница на Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР
Одржана седница на Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР
Понеделник, 21 Февруари 2011 09:06

sednica_na_komisija_za_finansiranje-21022011Се одржа 35-тата седница на Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР на чиј дневен ред беа 11 точки.

Прифатен е кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Штип за период од 01.01.2010 до 31.12.2010 година како и извештајот за реализација на програмите за работа во ЈП „Штип – проект“ за 2010 година.

Комисијата исто така го прифати извештајот за работата на Домот на младите Штип во 2010 година и извештајот за реализација на Годишната програма за работа на Советот на млади на Општина Штип за 2010 година.

 

Прифатено е барањето за реализација на финансискиот дел од програмата за одбележување на Холокаустот на Евреите, предвидена за 8 и 9 март. Со оваа манифестација како што беше кажано, Штип и Битола се вклучуваат во процесијата за отворање на музејот на холокаустот во Скопје.

Прифатено е и барање за финансиска помош на велосипедскиот инспиративен маратон „Кина 2011“. Со ова Дејан Зафиров ќе добие 60.000 денари од општина Штип како подршка за новиот подвиг со велосипед да помине 4000 километри во Кина.

 

Одобрени се и средства за реализација на програмата на Сојузот на училишен спорт на Општина Штип за 2010/2011 година како и средства по барањетона ФК „Баби“ и ФК „Астибо“ Штип за котизација.

 

Членовите на Комисијата исто така го прифатија барањето за финансиска помош од РК „Текстилец“ Штип за натпреварување во сениорската, кадетската и пионерската екипа во клубот за 2011 година, потоа барањето на финансиски средства од Алпинистичкиот клуб „Астрајон“ и на крајот прифатено е и барањето од населено место Никоман за одобрување средства за санација на пристапен пат према с. Кошево.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер