Дома Настани Општина Штип асистираше за вакцинирање на 30-тина деца од ромската заедница
Општина Штип асистираше за вакцинирање на 30-тина деца од ромската заедница
Понеделник, 21 Февруари 2011 14:11

opstina_stip_asistirase_za_vakciniranje-21022011Општина Штип асистираше  во акција за вакцинирање спроведена од  службата за вакцинации од ЈЗУ „д-р Панче Караѓозов“.

Поради неможност на службата за вакцинации да вакцинира одреден број на деца од Ромска популација, што се јавува како резултат на нивното не  јавување на поканите на службата, а некои од нив и не посетуваат настава, Градоначалникот на Општината Штип  д-р Зоран Алексов ги вклучи во акцијата референтите за работа со етничките заедници. Нивната активност се состоеше во помош при изнаоѓање на децата и нивно доведување до ОУ„Гоце Делчев“.

Како резултат на акцијата околу триесетина деца беа вакцинирани.

Ова е инцидентна помош на Општината Штип, која имајќи ги во предвид неодамнешните појави на поголем број на заболени лица во други општини, поради ненавремено примени вакцини, настојува да го заштити населението на територијата на општината.

Општина Штип се надева дека во иднина службата за вакцинации со сопствените вработени ќе го применува овој начин на изнаоѓање на невакцинираните лица како добра практика.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер