| Дејан Зафиров во недела заминува на велосипедскиот маратон во Кина |
| Петок, 04 Март 2011 14:23 | |||
|
Со оглед на тоа што градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов и локалната самоуправа се меѓу поголемите поддрѓувачи на овој потфат, тој денес оствари средба со градоначалникот Алексов и новинарите:
- Дејан останува доследен на своето ветување, продолжува со велосипедските маратон а со самото тоа и со промовирање на Македонија и Штип. Тој е борец и докажува дека без оглед на хендикепот можат да се прават неверојатни работи – изјави градоначалникот Алексов.
Зафиров кој е инвалидизирано лице (без лева потколеница и оштетен нерв на десното стапало) со својот трет велосипедски потфат уште еднаш ги мотивира инвалидиризаните лица за преземање на активности со кои ќе докажат дека и тие можат да остваруваат резултати достојни за почит. Заинтересираните субјекти можат да донираат средства на ж-сметка: Здружение на граѓани „Гаиа“, 300000003019355 - едб: 4032009504323, Комерцијална Банка а.д. – Скопје.
|