Дома Настани Општина Штип е подготвена за Законот за легализација - за 20 дена се очекуваат првите решенија
Општина Штип е подготвена за Законот за легализација - за 20 дена се очекуваат првите решенија
Петок, 04 Март 2011 14:33

opstina_stip_podgotvena_za_zakonot_za_legalizacija-04032011-2Стапувањето на сила на Законот за третман на бесправно изградените објекти беше повод градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес да оддржи средба со новинарите, со цел информирање на граѓаните за постапката во поглед на потребната документација. Одделението за Урбанизам изминатиот период се подготвиваше за практична реализација на Законот, направени се сите подготовки и веќе од денес сите граѓани можат да поднесат барања.

opstina_stip_podgotvena_za_zakonot_za_legalizacija-04032011-1- Ние сме комплетно подготвени. Упатувам апел до граѓаните да не го чекаат последниот рок, последниот ден за доставување на документите а тоа е 3-ти септември, туку веднаш да пристапат кон собирање на потребната документација. Ние како Општина направивме и флаер во кој се објаснети сите работи околу Законот а на општинската веб страница можат да го видат упатството во водичот за дивоградби – изјави Алексов.

Подготвен е и ценовник во зависност од објектот со цел граѓаните да имаат комплетни податоци за своите дивоградби. За поднесување на документацијата треба да се плати административна такса од 300 денари. Сите надлежни служби ќе им бидат на располагање на граѓаните со цел ефикансо завршувањ ена процесот на легализација.

Според податоците, до вчера во Штип се ивидентирани 7787 дивоградби со вкупна површина од 389.287 м/2.најголем дел од нив (2384) се куќи кои зафаќаат површина од 204.314 м/2.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер