Дома Настани Дејан Зафиров замина на велосипедскиот маратон во Кина
Дејан Зафиров замина на велосипедскиот маратон во Кина
Понеделник, 07 Март 2011 10:00

dejan_zafirov_maraton_kina-04032011-3Штипјанецот Дејан Зафиров кој во два наврати спроведе велосипедски маратон до Ница и низ Јужна Америка започнува со реализација на третиот велосипедски потфат „Кина 2011“.

Тој  замина за Кина вчера (недела) со што отпочнува освојувањето на азискиот континент. Тој патува за Истанбул од каде авионски првата дестинација му е аеродромот во Хонг-Конг.

Со оглед на тоа што градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов и локалната самоуправа се меѓу поголемите поддржувачи на овој потфат, тој претходната недела оствари средба со градоначалникот Алексов и новинарите:

-Новиот маратон е во должина од околу 4000 километри и е планирано да се одвива во текот на Март-Април 2011. Кина е трета етапа од светската велосипедска одисеја на сите 6 континенти во тек од 4 години. Финансиската конструкција за ова патување е зацртана на сума од 250.000 денари. Тоа се пари наменети за авиобилет до Кина, опрема, храна, сместување и останати трошоци поврзани со патувањето – изјави Зафиров.

Општина Штип веќе додели финансиска поддршка за реализација на овој проект во висина од 60.000 денари а на новото патување Зафиров заминува со ногва протеза која му ја подари ортопедскиот завод „Славеј“.

- Дејан останува доследен на своето ветување, продолжува со велосипедските маратон а со самото тоа и со промовирање на Македонија и Штип. Тој е борец и докажува дека без оглед на хендикепот можат да се прават неверојатни работи – изјави градоначалникот Алексов.

Зафиров кој е инвалидизирано лице (без лева потколеница и оштетен нерв на десното стапало) со својот трет велосипедски потфат уште еднаш ги мотивира инвалидиризаните лица за преземање на активности со кои ќе докажат дека и тие можат да остваруваат резултати достојни за почит.

Заинтересираните субјекти можат да донираат средства на ж-сметка: Здружение на граѓани „Гаиа“, 300000003019355 - едб: 4032009504323, Комерцијална Банка а.д. – Скопје.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер