| ФК Брегалница – Ренова 3:1 |
| Понеделник, 07 Март 2011 10:02 | |||||||||||||||
|
Иако гостите поведоа, со одлична игра, со новите засилувања кои се покажаа успешен потег уште на првата средба, фудбалерите на Брегалница не само што направија пресврт, туку и остварија успешен резултат со три гола во противничката мрежа. Ова се резултатите од останатите средби
По првото коло од вториот дел на првенството (инаку 19 од стартот на шампионатот) Брегалница остварува скок за едно место на табелата, од 10-та на 9-та позиција со 25 бодови, колку што има и Силекс кој е на 8-мо место. Идната сабота, на 12-ти март штипските сини му гостуваат на Хоризонт-Турново а веќе по три дена ќе се одиграат натпреварите од 21-то коло во кое на домашен терен ФК Брегалница го пречекува претпоследно-пласираниот Вардар.
|
|||||||||||||||