Дома Настани Од петмина каратисти дури тројца се штипјани во македонската селекција
Од петмина каратисти дури тројца се штипјани во македонската селекција
Понеделник, 14 Март 2011 15:05

ZARKO-MICOV-SASKO-14032011Во Скопје се одржа изборниот турнир организиран од страна на Карате федерацијата на Македонија, за избор на репрезентативци кој ќе ја преставуваат државата на престојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Цирх,Швајцарија, од 06-08. мај годинава.

Кај мажите во категоријата + 84 кг најдобро се престави нашиот моментално најдобар каратист Жарко Арсовски. Тој исто така не дозволи да има некое изненадување, а во финалната борба повторно го порази веќе по втор пат за само еден месец, извонредниот каратист од редовите на Металурзите Мартин Несторовски и уште еднаш покажа дека во моментов е неприкосновен и најдобро подготвен спортист.

Најнеизвесен натпревар беше во категоријата на – 84 кг, во која се сретнаа Огнен Груевски и Сашко Арсовски двајца медалисти и спортисти од Светска категорија на македонскиот спорт. По изедначена борба, судиите победата му ја доделија на поискусниот Сашко Арсовски од Штип.

Најголемо изненадување пак направи Богдан Мицов од Макпетрол, кој сите свој конкуренти, пет најдобри каратисти во таа категорија ги порази и успеа да влезе во репрезентацијата. Во останатите категории немаше некое поголемо изненадување, односно се си остана онака како што беше и на неодамна одржаното државно првенство - државните шампиони повторно победија и го потврдија своето учество за Европското првенство во Швајцарија.

Во Швајцарија ќе не преставуваат: Ико Ташев во -60 кг (Металург), Дејан Ристевски во -67 кг (Металург), Богдан Мицов во -75 кг( Макпетрол), Сашко и Жарко Арсовски во -84 односно +84 кг.од (Штип и Макпетрол).

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Showers PM Showers
11°C 21°C 26°C
Пет Саб Нед

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер