Дома Настани Посетата на Занаетчиската комора на Кобленц (Германија), големо искуство за градоначалникот на Штип
Посетата на Занаетчиската комора на Кобленц (Германија), големо искуство за градоначалникот на Штип
Среда, 16 Март 2011 10:06

Gradonacalnik_d-r_Zoran_Aleksov_2_resizeСо нови идеи и иницијативи за развој на штипското занаетчиство, резултираше посетата на Градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов во Кобленц, Германија. Тој од 12-ти до 15-ти март престојуваше во посета на Занаетчиската Комора во Кобленц и учествуваше на т.н Мајсторска прослава 2011.

Свеченоста на која се доделуваа лиценци за германските занаетчии, беше повод да се разменат многу искуства меѓу двете земји и да почне да се размислува во насока на лиценцирање на македонските занаетчии.

- Воочувајќи ја занаетчиската пракса во Германија, како поддржувач стојам зад идејата за изработка на Стратегија за развој на штипското занаетчиството. Во соработка со македонската Занаетчиска комора, Општина Штип ќе ги испита можностите и за лиценцирање на нашите мајстори, но и ќе се вклучи во организацијата за свечено доделување на занаетчиски дипломи и лиценци - истакнува Градоначалникот на Општина Штип, д-р Зоран Алексов по посетата во Кобленц, Германија.

За разлика од германските искуства, според кои само лиценцираните занаетчии се вистински доказ за квалитет, во Македонија нема таква пракса. Единствено што е уредено со Законот за занаетчиство е ставот дека македонските занаетчии треба да полагаат „мајсторски испит“.

Градоначалникот на Штип ги разледал и образовните центри на Занаетчиска комора Кобленц

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер