| Оддржана 31-вата седница на Советот на Општина Штип |
| Четврток, 17 Март 2011 09:29 | |||
|
Прифатена е завршната сметка на буџетот на Општина Штип за 2010 година како и годишниот извештај на Општина Штип за 2010 година. Следните неколку точки се однесуваа на завршни сметки на основните општински училишта и во смисла на тоа, прифатени се завршните сметки на ООУ „Ванчо Прке“,„Гоце Делчев“,ООУ „Димитар Влахов“ и ООУ „Тошо Арсов“-Штип за 2010 година. Советниците ја прифатија и предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката на УО на ЈП„Исар“-Штип за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство како и предлог-одлуката за измена на Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Штип. Изгласана е и предлог-одлуката за давање подарок на компјутери и принтери кои ќе им бидат испратени на македонците во Пустец (Албанија) како поддршка за издавање на нивниот весник на македонски јазик „Преспа“. Прифатена е и предлог-одлуката за отстапување на камп приколки и предлог-одлуката за доделување на финансиски средства за опожарен објект. Претпоследната точка се однесуваше на предлог-одлука за доделување финансиски средства на РК „Текстилец“-Штип а последната на советнички прашања. Во информативен дел беа разгледани информаците за спроведен инспекциски надзор, во врска со работното време во угостителските објекти и за состојбата со невработеноста во Општина Штип за 2010 година.
|