Дома Настани Словенечкиот амбасадор во Штип: Македонија и Црна Гора приоритет за соработка
Словенечкиот амбасадор во Штип: Македонија и Црна Гора приоритет за соработка
Четврток, 17 Март 2011 13:22

slovenecki_ambasador_stip-17032011-1Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов претпладнево оствари средба со присуствуваат економскиот советник на словенечкиот амбасадор Алан Брајан Бергант.На средбата присуствуваше и аташето за економска соработка како претседателката на штипскиот Совет, Сузана Николовска.

slovenecki_ambasador_stip-17032011-2Поради тоа што Штип е град на текстилната, кожарската и прехранбената индустрија, словенечкиот амбасадор во текот на денот посети три водечки индустриски капацитети. Прво ги посети погоните на фабриката за чевли „Баргала“ по што се состана со градоначалникот Алексов.

slovenecki_ambasador_stip-17032011-3- Нема прашање на кое не се задржавме, беше корисно и за двете страни. Како град на кожарската индустрија и текстилот, имаме што да понудиме за словенечките инвеститори. Се надевам дека ова ќе отвори економски перспективи за соработка и инвестиции. Да не заборавиме дека го имаме маркетот Туш веќе со години и тој успешно работи во Штип. Словенија понуди помош и во обука на наши лица за поефикасно добивање на средства преку проекти од европските фондови – изјави по средбата градоначалникот Алексов.

За амбасадорот Бергент, Штип нуди поволности за стопанствениците:

slovenecki_ambasador_stip-17032011-4- Ние сме концентирани на развојно-техничката поддршка и во тоа приоритет имаат Црна Гора и Македонија. Гледам одлична можност за поврзување на кожарската индустрија од Штип со Словенија, како и со текстилот. Имате и бања која може да биде привлечна за инвестирање. Ги добив најновите информации и тие ќе бидат пренесени во Словенија. Имате и одличен универзитет, тоа е уште едно поле за соработка. Од оваа година студентите од Македонија ќе можат д абидат дел од размената и на државните универзитети во Словенија да се школуваат бесплатно.

slovenecki_ambasador_stip-17032011-5По разговорот со градоначалникот, словенскиот амабасадор ја посети фабриката за масло „Брилијант“ и конфекцијата „Штип-текс“ по што замина за Кочани.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер