| ЧЕСТИТКА ДО КРВОДАРИТЕЛИТЕ ПО ПОВОД 17-ТИ МАРТ - ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛИТЕ |
| Четврток, 17 Март 2011 15:31 | |||
|
Денес, кога на 17-ти март го одбележуваме светскиот ден на крводарителството, во вистинска смисла на зборот, највпечатливо и најмногу доаѓа до израз познатата фраза: покажи ја хуманоста на дело. А хуманоста и несебичноста понекогаш имаат само минути или секунди за да одлучат за нечија судбина, особено кога зависи од најдрагоцената течност.
Штип од секогаш бил град на хуманоста. Крводарителските акции кои се организираа во минатото, спасија бројни човечки животи. Како градоначалник на Општина Штип, уште од самиот почеток на мандатот ги поддржав иницијативите за оддржување на шестмесечни крводарителски акции во локалната самоуправа. Резултатот се три успешни акции до сега, во кои заеднички, едни покрај други, дарувајќи ја најскапоцената течност, соборувавме рекорди во име на хуманоста, но и придонесувавме за спасување на човечки животи.
Од се срце им честитам на сите крводарители кои во изминатата година несебично даруваа крв и кои ја покажаа својата хуманост на вистинскиот начин, одвојувајќи дел од својата крв за да спасат нечиј живот. Животот нема цена а понекогаш и една капка од црвената скапоцена течност, може да биде причина повеќе за спасување на живот. Затоа продолжете да ја покажувате вашата хуманост на вистинскиот начин, со дарување на крв, оставајќи солидна основа и на помладите генерации да го следат вашиот пример на несебичност, хуманост и поддршка.
Нека ви е честит денот на крводарителството !
Со почит, Градоначалник на општина Штип д-р Зоран Алексов
|