Дома Настани По повод 22-ри март: “Пролетен урбан фестивал“ на Исарот
По повод 22-ри март: “Пролетен урбан фестивал“ на Исарот
Понеделник, 21 Март 2011 09:54

proleten_urban_fest-21032011По повод 22-ри март, денот на пролетта кога традиционално штипјани се искачуваат на градската гордост Исарот, Општина Штип организира две манифестации заеднички насловени како „Пролетен урбан фестивал“.

Првиот е музички концерт кој за прв пат на импровизирана бина ќе се оддржи на 22 март во периодот од 12:00 до 15:00 часот на врвот на Исарот. Со логистичка поддршка на Првата механизирана пешадиска бригада (Гарнизон Штип) на Исарот ќе биде поставена сцена и озвучување на кое музички групи ќе имаат свој настап.

Од друга страна, предвидено е оддржување и на т.н графити фест во Штип, на кој над десетина графити артисти од Македонија ќе ги украсуваат ѕидовите околу градскиот стадион. Со свои уметнички визии, тие без никаков надомест ќе се обидат да пренесат пораки и графити-цртежи на ѕидот од стадионот, со што бетонското сивило ќе го претворат во своевидна графити-урбана уметност. Општина Штип за ваквиот арт-перформанс обезбедува бои во доволни количини за да се реализира една ваква идеја, за прв пат на иницијатива на градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

Покрај овие две манифестации, и Домот на млади традиционално со свои активности ќе го одбележи празникот на Светите 40 маченици кои штипјани со децении наназад го одбележуваат на 22-ри март.

Станува збор за една традиција која е уникатна и единствена во Македонија, која е причина повеќе градската крепост-Исарот да биде посетена како никогаш во годината. На тој ден, штипјани  се искачуваат на Исарот од каде фрлаат 40 каменчиња и според традицијата, последното, 40-тото го задржуваат за себе. Откако ќе се поздрават на симнување со 40 лица, последното каменче го ставаат под перница. Традицијата и обичаите велат дека ноќта ќе го сонуваа својот животен сопатник.

Ова е само почеток на реализација на активности кои ќе водат кон експанзија на прославувањето на обичаите околу 22-ри март, бидејќи како што вели градоначалникот Алексов, Штип е познат по настани кои се специфични само за овој град а токму искаувањето на Исарот е еден од нив и како такви мора да се негуваат, развиваат и засилено презентираат во Македонија и пошироко.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер