Дома Настани Оддржана седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР
Оддржана седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР
Четврток, 24 Март 2011 08:47

opstina_zgrada-2_resizeВчера се оддржа 38-та седница на Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР на чиј дневен ред беа 15 точки.

Прифатени се завршните сметки на СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип за 2010 година, како и на гимназијата „Славчо Стојменски“ Штип за 2010 година, СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Коле Нехтенин“. Комисијата ги советуваше директорите на училиштата да штедат колку што мижат повеќе, секаде каде што постои можност за тоа.

Прифатен е и извештајот за потрошените средства за реализација на програмата за одбележување на Новата 2011 година и Божиќ и украсување на град Штип за дочек на Новата 2011 година како и финансискиот извештај за реализација на програмата за развој на младинскиот фудбал на ФК Брегалница 2008 за период од 01.01.2010 до 31.12.2010 година.

Разгледан и прифатен беше извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за 2010 година како и барањата за котизација од ФК „Дрводекор“, с. Стар Караорман - Штип, ФК „Три Чешми“, н. Три Чешми - Штип, ФК „Балкан“, н. Балканска - Штип, ФК „Сењак 99“, н. Сењак - Штип, ФК „Дузлак 2003“, н. Дузлак - Штип, ФК „Насеље“, н.Насеље - Штип во ОФ Лига - Штип за 2010/2011 и есенскиот дел од сезоната 2011/2012. И тие добија зелено светло од членовите на комисијата.

Не е прифатено барањето за доделување финансиски средства за одржување на меморијалниот турнир „БРАНИТЕЛИ 2001“ а усвоено е барањето средства за годишна членарина (котизација) од Карате клубот „Астибо“ – Штип, потоа барањето на финансиски средства за котизација од ОК „Мавис“ – Штип а одбиено она за финансиски средства за котизација од ОК „Универзитет Гоце Делчев“– Штип.

МЗ Шашаварлија ќе добијат парични средства за набавка на кабел за трофазна струја што го доставија како барање до локалната самоуправа како и барањето за финансиски средства од Здружението „Македонски егеј„ за Велигденска средба кое исто така беше изгласано.

Не беше прифатено барањето од Етхем Алаки (Барут) за финансиски средства за избор на Ромска убавица, но на иницијатива на градоначалникот на Штип, ќе бидат одобрени средства како поддршка по повод меѓународниот ден на ромите.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер