|
Петок, 01 Април 2011 14:19 |
|
Општината Штип во соработка со детските градинки и основните училишта во општината, и оваа година ја организираше манифестацијата „Априлијада“ по повод 1-ви април, денот на шегата. На манифестацијата учествуваа децата од големите групи од градинките, учениците од прво одделение од основните училишта и од дневниот центар за деца со посебни потреби.
Манифестацијата се оддржа во Домот на млади. Домаќин на средбата со своја програма беше ООУ „Ванчо Прке“-Штип. Сончевиот ден уште повеќе ја разубави манифестацијата која наиде на голем одзив кај родителите и граѓаните на Штип. Секое ичилиште со своите првооделенчиња се претстави пред другарчињата а Општина Штип подели и неколку награди за најсупешните маски од секоја детска градинка и основно училиште.
Изборот беше навистина тежок и можеа да се видат различни маски. Дефилираа бетмени, спајдермени, принцези, пирати, балерини, нинџи или пак волшебници па се до најсупешните кои добија награда: танчерка, шкотланганец, огромен горзд па се до незаобиколната Џеврие. Наградите ги додели градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.
Манифестацијата уште еднаш ги мотивираше учениците и одделенските наставници заеднички со родителите да ја поттикнат креативноста кај децата и да реализираат успешна манифестација која ќе остане запаметена. За превоз на децата до Домот на младите, Општина Штип изразува благодарност до АД„Барала“ - Штип.
       
|