Дома Настани За две недели, Дејан Зафиров зад себе има 1400 километри од маратонот во Кина
За две недели, Дејан Зафиров зад себе има 1400 километри од маратонот во Кина
Понеделник, 04 Април 2011 16:15

dejan_zafirov-04042011-1Штипјанецот Дејан Зафиров кој на 6-ти март замина на велосипедскиот маратон за Кина, зад себе има поминато над 1400 километри. Околу третина од предвидените 4000 километри Зафиров ги одбележа со еден вид на потсетување на трагичниот ден кога му беше ампутирана ногата. Во контакт со Општина Штип, Зафиров изјави:

dejan_zafirov-04042011-2- Ова е посебен период за мене, бидејќи мината недела одбележав 5 години од ампутацијата.Тоа ми дава надеж да издржам на ова патешествие и да истраам во намерата да ги остварам зацртаните планови. Посебна благодарност до новинарите од Штип и пошироко и до локалната самоуправа и Градоначалникот кои преку мојот маратон им влеваат надеж на сите инвалидизирани лица да продолжат да работат.

Во краткиот опис на својот досегашен изминат пат во Кина, Зафиров вели дека почнал од Шензен (30 км од Хонг Конг) на 14-ти март. Патувал на север преку три провинции со вкупна должина од 1430 километри. До пред неколку дена временските прилики не му биле наклонети, бидејќи темперетурите се движеле од 5 до 10 степени, но сега се околу 20 степени што е добро за возење на велосипед:


dejan_zafirov-04042011-3- Луѓето се неверојатно пријателски расположени иако никако не се разбираме, скоро никој не разбира ама баш ништо на англиски, така да цело време соработуваме со мимики и гестови. Цените се ниски прилично, многу слично како кај нас, некои работи се поевтини а некои поскапи. Да се јаде е евтино ама само ако не си вегетаријанец, и нормално нема леб, нема сирење, нема путер, така да за мене секој ден ориз, јајца, зеленчук.

Зафиров вели дека многу работи го шокирале на досегашниот маратон и како што вели, не постои рид кој не е претворен во оризна нива:

dejan_zafirov-04042011-4- Им изгледам чудно, белец со долга коса и со протеза. Многу често цело маало ќе се собере да ме гледаат и да ми зборуваат на кинески, па јас им зборувам на македонски. Последните 3 дена бев заглавен во еден прилично запуштен дел од Хунан, со целосно уништен пат, па 200 километри морав да возам неверојатно бавно за што ми требаа 3 дена. Поради храната и влагата тешко ми е да ја одржувам килажата па се почесто имам проблеми со возењето и морам да правам принудни паузи.

dejan_zafirov-04042011-5Причина за ваквите проблеми е што при намалена телесна тежина Зафиров се соочувал со пагање на протезата заради што му се потребни почести одмори.

Зафиров на крајот се заблагодари на сите лица и фирми кои одвоина средства за да го подржат во освојувањето на третиот континент.

Зафиров вози со протеза на левата натколеница и оштетен нерв на десното стапало. Зад себе има два маратона, еден до Ница (Франција) од околу 2000 километри и оној во Јужна Америка од над 3000 километри.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер