Дома Настани Градоначалникот на Штип го потпиша договорот за кредит со Светска Банка
Градоначалникот на Штип го потпиша договорот за кредит со Светска Банка
Вторник, 05 Април 2011 15:30

dogovor_svetska_banka-05042011-1Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес го потпиша договорот за кредит од Светската банка со кој ќе се реализира еден од најголемите и најзначајни проекти во Општина Штип: уредувањето на централното градско подрачје.

Кредитот во висина од 2 милиони евра ќе биде искористен за конструкција на пет плтаформи на реката Отиња која го дели Штип на два дела. Со платформите ќе се реши сообраќајниот хаос бидејќи ќе бидат наменети за паркиралишта. Кредитот има 3 години грејс период а ќе се отплаќа на 10 години:

dogovor_svetska_banka-05042011-2-На мое задоволство ова е добар знак и конечно во Штип за некој месец ќе почнат да работи механизацијата за решавање на крупен проект. Освен паркиралиштата, ќе бидат обновени и мостовите, Штип ќе добие и нов плоштад, а коритото на Отиња кое остана исто со децении, конечно ќе се уреди. Предвидено е спуштање на нивото на реката, формирање на патеки за шетање, поставување на канделабри и клупи за одмор – изјави градоначалникот Алексов.

Доколку навреме завршат преземените обврски Штип ќе добие и плус 20% грант. За тоа каде би се вложиле тие средства во инфраструктурата дополнително ќе се размислува. Кредитот ќе се враќа од наплатата на паркинг просторот и нема да го оптовари буџетот на Општината:

- Имаме три години да акумулираме средства. Ние веќе и утврдивме ценовник и ќе започнеме со наплата на постоечкиот паркинг во центарот на градот. Но она што ќе остане како трајна врендост е добивка за Штип. Време е да се среди центарот како што доликува на едне град од типот на Штип – додава Алексов.

Сега локалната самоуправа работи со тим од Светската Банка околу постапката за распишување на меѓународен тендер. Се зависи од изборите. Доколку Законите дозволуваат тендерирање пред изборите, до крајот на април ќе биде распишан тендерот а најдоцна до крајот на август ќе започне конструкцијата на платформите и уредувањето на плоштадот. Доколку тоа не е возможно, тендерот ќе се распише веднаш по изборите што значи дека најдоцна до септември ќе заврши сета процедура.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Partly Cloudy Mostly Sunny Showers
15°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер