|
Денес се одбележуваат 70 години од бомбардирањето на Штип за време на втората светска војна. По тој повод општинската организација на Сојузот на борци со поддршка на Општина Штип и Карбинци организираше одбележување.
Пред рељефот посветен на загинатите од бомбардирањето кај штипскиот театар се собраа бројни граѓани, претставници на боречката организација од Штип како и на делеагција од општинскиот совет предводена од Градоначалникот д-р Зоран Алексов.
Овој ден одбележува еден трагичен настан кога река бомби паднаа на Штип. Црвена беше бојата на водата во реката Отиња а многу наши сограѓани ги загубија
Животите. Денес одбележуваме значаен јубилеј, се потсетуваме на сите жртви со надеже дека такво нешто нема повеќе да се случи - изјави во своето обраќање Илија Ќосевски од боречката организација во Штип.
Пред рељефот беше положено свежо цвеќе од претставници на Советот на Општина Штип, градоначалникот на Општина Карбинци, НУ Дом на Култура Ацо Шопов, политичките партии и здруженијата на граѓани.
Потоа беше организирана посета на заедничката гробница како и на споменикот на стреланите партизани, на патот Штип-Кочани (во близина на Македонка) заеднички со делегации од Кратово и Пробиштип.

|